Достапни линкови

logo-print

„Жените од Сребреница“ сакаат да ја тужат Карла дел Понте


Невладината организација од БиХ „Жените од Сребреница“ не се откажуваат од идејата да ја тужат поранешната хашка обвинителка Карла дел Понте поради тоа што била еден од потписниците на дозволата во Хаг да се уништат повеќе од 1.000 лични работи и документи на жртвите на геноцидот во Сребреница, соопштија локалните медиуми. Преставник на организацијата изјави дека им се убиени спомените и поради тоа Карла дел Понте мора да одговара. Во Меѓувреме, портпаролот на Хашкиот суд Нерма Јелачиќ вчера ги демантираше тврдењата дека е покрената истрага против Дел Понте и уште двајца обвинители поради притисок и закани кон одделни сведоци.

XS
SM
MD
LG