Достапни линкови

Евакуирани 94 илјади луѓе поради поплави во Кина


Поплавите во северна Кина принудија повеќе од 94 илјади луѓе да се иселат од своите домови , откако реката Јала се излеа од своето корито. Водата се заканува да уништи многу населби во областа Дандонг , јавуваат државните медиуми. Метеоролозите најавуваат дека и во следните денови ќе има дожд во оваа провинција која граничи со Северна Кореја. И на другата страна во Северна Кореја реката поплави обработливо земјиште и куќи во повеќе од 5 села.
XS
SM
MD
LG