Достапни линкови

Венецуела:војник убил двајца офицери


Полицијата и војниците во Венецуела се во потрага по еден војник, кој уби двајца офицери во воена база, пред да побегне.Од Канцеларијата на јавниот обвинител, велат дека напаѓачот почнал да стрела со пушка кон своите колеги при што загинале капетанот и еден поручник, а шест други војници биле повредени. По престрелката напаѓачот избегал со автомобил од базата Форт Тиуна, а автомобилот бил пронајден подоцна напуштен. Форт Тиуна е најголема воена база во Веенциела и седиштето на Министерството за одбрана.
XS
SM
MD
LG