Достапни линкови

ММФ:Пакистан- голем економски предизвик


Закрепнувањето на Пакистан, поради невидените поплави во земјата претставува "голем економски предизвик",оценуваат од Меѓународниот монетарен фонд. ММФ ќе мора да го разгледаат буџетот на Пакистан и финансиските можности, со цел да се утврди како e најдобро да се помогне на земјата да оди напред. Директорот на ММФ задолжен за Блискиот Исток и Централна Азија Мосад Ахмед изјави дека ММФ е со Пакистан во оваа тешко време и ќе го исполни својот дел да и помогне на земјата. Соопштението на ММФ е издадено пред разговорите кои оваа недела во Вашингтон, ќе се водат меѓу ММФ и пакистански претставници за тоа како ММФ да му помогне на Пакистан во закрепнувањето од поплавите. Пакистан во моментов уште и должи неколку милијарди долари на ММФ за претходните заеми. Пакистански официјални лица изјавија дека реконструкцијата на земјата може да изнесува и 15 милијарди долари. Во поплавите загина повеќе од 1.600 луѓе, а погодени се 20 милиони .
XS
SM
MD
LG