Достапни линкови

Сомалија:загинаа 10 припадници на Ал Шабаб


Најмалку 10 припадници на екстремистичката организација Ал Шабаб загинаа во експозија во една куќа во Могадишу, соопштија од сомалиското министерство за информации. Во соопштението се наведува дека можеби експлозијата е предизвикана од бомба која била планирана да се подметне под автомобил, но предвреме се активирала. Меѓу загинатите имало двајца пакистански државјани, двајца од Индија и по еден од Авганистан и Алжир. Ал-Шабаб е најопасната сомалиска екстремистичка група, составена од бунтовници од странство кои имаат искуство со војни во Авганистан и Ирак, кои им помагаат на сомалиските членови во обуката.
XS
SM
MD
LG