Достапни линкови

Авганистан: пронајдени 6 мртви полицајци


Шест авганистански полицајци биле пронајдени мртви денеска во нивната полициска станица во јужниот дел на Авганистан, каде што меѓународните трупи спроведуваат операции за да ја преземат контролата над Талибанците, соопштуваат официјални лица. Телата на шестте полицајци, кои биле застрелани, биле најдени во областа Греш во јужната провинција Хелманд . Се уште не се зна екој ги застрелал полицајците. Овој месец , пак, во Авганистан загинаа 38 војници на меѓународната коалиција, вклучувајќи и 24 Американци.
XS
SM
MD
LG