Достапни линкови

Русија:опозицијата протестираше во Калининград


Руски активисти од опозицијата одржаа митинг во Калининград денеска со барање да се обноват директните губернаторски избори. Демонстрантите, исто така, повикаa регионалниот гувернер да ги намали тарифите утврдени за комуналии и за домување. На митингот учествуваа околу 1000 луѓе, претставници на локалните ограноци на главните опозициски партии на Русија и од други организации. Митингот заврши без инцидент.
XS
SM
MD
LG