Достапни линкови

Карзаи:приватните безбедносни фирми може да се распуштат


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи нареди приватните безбедносни компании во земјата да се распуштат до крајот на годината. Во соопштението од неговиот Кабинет се наведува дека министерството за внатрешни работи, националната дирекција за безбедност и разузнавачката служба прават список на сите регистрирани приватни безбедносни компании кои треба да се распуштат. Приватните безбедносни компании во Авганистан работат за американските и силите на НАТО, за Пентагон, за мисијата на ОН, како и за невладини органзиации и медиуми.
XS
SM
MD
LG