Достапни линкови

Измени во Законот за учебникарство


Од Министерството за обраование најавуваат големи измени во Законот за образование. Ќе се воведат строги критериуми за тоа кој може да биде автори или резензент на учебник, а ќе се зголемат и ингеренциите на Националната комисија за учебници. Ваквите одлуки се донесени на вчерашната вонредна седница на службите при министерството за да се спречат појави со учебнициите како она со учебникот по„Општество“. Едни од измените што ќе се предложат се тоа што автор или рецензент не може да биде лице кое нема минимум десет години искуство во предавање на предметот по кој се прави учебникот , а било одлучено да биде предвидена и сериозна одговорност за оние рецензенти кои несовесно или неодговорно ќе ја вршат својата работа.
XS
SM
MD
LG