Достапни линкови

КСОМ бара одложување на Законот за домување


Oдложување на примената на Законот за домување од 6 до 12 месеци, период во кој граѓаните би требало да се едуцираат, а институциите да се подготват за неговата примена бара Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. Од Конфедерацијата сметаат дека има потрба од таков закон, но дека треба да се направат одредени измени , затоа што во сегашната форма Законот е неприменлив. Конфедерацијата на синдикални организации најави одржување на протест на 8 септември поради незадоволството од донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за домување, на Законот за извршување и на Законот за работни односи.
XS
SM
MD
LG