Достапни линкови

Русија:убиен организатор на нападите на метрото


Руските безбедносни сили убиле неколку милитанти во Северен Кавказ, вклучувајќи и осомничени за бомбашките напади на метро во Москва, јавуваат руските агениции. Меѓу убиените е и Могамедали Вагабов , еден од водечките милитанти кој е баран со месеци за напади во метрото во Москва извршени од жени самоубијци. При нападот извршен на 29 март загинаа 40, а беа повредени повеќе од 100 луѓе. Според некои извештаи, Вагабов е бил сопруг на една од жените бомбаши-самоубијци.
XS
SM
MD
LG