Достапни линкови

Собрани речиси 500 милиони долари помош за Пакистан


Меѓународните донатори собраа речиси 500 милиони долари за жртвите од поплавите во Пакистан. Службата на ОН за следење на финансии објави дкеа на сметката за настраданите во поплавите до петокот дошле повеќе од 490 милионии долари , а се очекуваат уште 324 милони долари кои се ветени. Повеќе од половината од парите се од фондови на ОН , а другите се од донации од разни земји , добротворни и хуманитарни организации или од приватни донации. Поплавите кои го зафатија Пакистан погодија повеќе од 20 милиони луѓе. ОН побараа 460 милиони долари помош за настраданите.
XS
SM
MD
LG