Достапни линкови

Медиумска презентација без медиуми?


Седница на Советот на општина Куманово

Седница на Советот на општина Куманово

Советот на Куманово сака медиумска презентација, но во градот има само еден локален медиум.

Кумановските советници, ја завршија летната пауза и започнаа со работа. За почеток и од опозициониот и од позициониот политички блок сметаат дека нивната работа треба да биде транспарентна и презентирана преку медиумите. Во Куманово пак на македонски јазик има само еден електронски медиум, така што едните се надеваат дека тоа ќе го обезбедат преку национален медиум, а другите преку прес конференции.
Сигурно дека ќе обрнеме поголемо внимание на работата на локалната самоуправа и на градоначалникот, односно со позитивно критикување на нивната работа. Поголемо внимание ќе обрнеме и на известување на нашите граѓани, бидејќи тие не избрале нас и треба да се запознаени со нашата работа

Бобан Николовски координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во претстојниот период тие ќе бидат уште поконструктивна опозиција, со нов импулс на граѓаните да им се подобри животниот стандард. А приоритет ќе биде:

„Сигурно дека ќе обрнеме поголемо внимание на работата на локалната самоуправа и на градоначалникот, односно со позитивно критикување на нивната работа. Поголемо внимание ќе обрнеме и на известување на нашите граѓани, бидејќи тие не избрале нас и треба да се запознаени со нашата работа.“

Во Куманово има само еден локален медиум на македонски јазик, на кој начин?

„Ние се договоривме тоа да го правиме преку прес конференции по секое завршување на седниците на Советот, се разбира доколку за тоа има потреба.“

Максим Димитриевски од позиционата СДСМ на локално ниво за претстојниот период на Советот очекува активности во насока на:

„Малку пооптимистичка работа, поконструктивни дискусии од колегите советници и апсолутна достапност на советниците до граѓаните на Куманово, непосредното учество на граѓаните во работата на Советот, потранспарентно работење, се надевам.“

Зијах Саити од опозиционата ДУИ смета дека во наредниот период ќе биде:

„Подобрување на работата на Советот, очекувам да се реализираат програмите планирани за оваа година, од областа на инфраструктурата и урбанизам.“
Ние се договоривме тоа да го правиме преку прес конференции по секое завршување на седниците на Советот, се разбира доколку за тоа има потреба.

Престедателот на Советот Виктор Цветковски вели дека кумановскиот Совет во наредниот период ќе влезе во реализирање на неколку покрупни проекти заговарани подолг период. Меѓу нив тој ги издвојува:

„Снимање на седниците. Средствата се обезбедени, но во делот на директните преноси искуствата во регионот покажуваат дека потоа неколку пати се репризираат. Друг поголем проект е да се започне со измени на Статутот на Општината во делот на признанија на градот, кои до сега ги доделуваше комисија.Сметаме дека Советот треба да ги носи тие одлуки.“

Размислувате ли за медиумски мрак во Куманово?

„Секако дека е размислувано.Можно е да се јави и национален оператор, тоа ќе биде регулирано од администрацијата на Општината со јавна набавка.“

За тоа колку граѓаните се информирани за работата на советниците и за нивните контакти, дел од нив велат:

„Не ги ни знам,ниту имам контакти со нив. Има и позитивни и негативни работи.“

-Имате ли контатки со советниците?
„Не.“

-Задоволни ли сте од нивната работа:
„Задоволен. Ги решаваат градските проблеми“.

Меѓутоа и со вакви одговори:

„Не,благодарам!“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG