Достапни линкови

logo-print

"Трговецот со смртта" ќе биде испорачан во САД, Русија протестира


Соединетите Држави ја поздравија одлуката на судот во Тајланд да им го испорача осомничениот руски илегален трговец со оружје, Виктор Бут, наречен трговец со смртта. За него се смета дека доставувал оруќје во земји во Латинска Америка, Блискиот Исток и Африка. Русија, пак протестираше против одлуката на судот и бара Бут да биде ослободен и вратен во Русија. Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров оцени дека станува збор за политички случај, а на тајландскиот амбасадор во Москва му е врачен демарш.
XS
SM
MD
LG