Достапни линкови

За името, внимателно, порачува претседателот Иванов


Прашањето со уставното име на Република Македонија бара исклучителна трпеливост и внимателност, оттаму што нам ни се наложува што поскоро да се изнајде решение, како предуслов за евроатлантските интеграции, рече претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната средба со новинарите во резиденцијата „Билјана „во Охрид. Иванов оцени дека сите притисоци се вршат исклучително врз македонската страна, која и предлага иницијативи и средби со грчкото политичко раководство, а истовремно соседната држава прибира политички поени како конструктивен партнер во „разговорите“.
Иднината на земјата и на поширокиот регион, претседателот Иванов ја гледа во отворање на државите и самите општества, како предуслов за надминување на сегашните состојби на Балканот, оттаму што според него, затвореноста води кон изолација односно генерира конфликтни ситуации.
XS
SM
MD
LG