Достапни линкови

Русија нема да увезува жито од Казахстан


Руското Министерството за земјоделство соопшти дека Русија, иако погодена од рекордна суша која уништи голем дел од културите, нема планови за увоз на жито оваа година.
Ова се реакции на пишувањето на весникот "Ведомости" за увоз од Казахстан. Цените на житото во Русија нагло се зголемија по сушата.
Русија е една од најголемите светски извозници на жито, Кремљ претходно овој месец најави забрана за извоз на жито до крајот на годинава поради очекувањата за намалени приноси.
XS
SM
MD
LG