Достапни линкови

Утре старт на иранската нуклеарна постројка во Бушер


Русија утре ќе почне да ја полни со гориво иранската нуклеарна постројка во Бушер, со што таа ќе почне да работи по неколку-годишно одлагање. Иран веројатно овој настан ќе го нагласува како доказ дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Но, според Соединетите Држави и другите западни земји, фактот дека во Бушер ќе се користи увезено гориво од Русија, покажува дека Иран нема потреба од збогатување ураниум, ако има мирољубиви цели.

XS
SM
MD
LG