Достапни линкови

Руската воена база во Ерменија до 2044-та


Ерменија го одобри останувањето на руската воена база на нејзина територија до 2044-та година, добивајки дополнителни безбедносни гаранции. Ерменскиот претседател Серж Саркасјан, по средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев во Ереван, изјави дека дел од дговорот е и обврската на Москва да ја снабди Ерменија со модерно оружје и опрема. Договорено е и Русија да гради два нови нуклеарни реактори во нуклеарната централа во Ерменија која е од Советско време.
XS
SM
MD
LG