Достапни линкови

logo-print

Пакистан - Забавено Цунами


Провинцијата Пунџаб во Пакистан - 19. Август 2010

Провинцијата Пунџаб во Пакистан - 19. Август 2010

Обединетите Нации успеаа да ја остварат целта и да обезбедат 460 милиони долари како итна помош за милионите поплавени во Пакистан. Ова е резултат на ветувањата на земјите донатори дадени на итната седница на Генералното Собрание свикана од Генералниот Секретар Бан Ки Мин по неговата посета на Пакистан.


На итната седница на Обединетите Нации за зголемување на меѓународната помош за Пакистан, кој е погоден од катастрофални поплави, Генералниот секретар на Бан Ки Мун, , изјави дека поплавите се како „забавено цунами“. Првиот човек на Светската организација претходно го посети Пакистан каде што изјави дека таква катастрофа не видел во животот.



Амаџад Џамал е портпарол на Светската програма за храна на Обединетите Нации. Тој од Пакистан порача:

„Светската програма за храна го зголемува нивото на своите опоерации обезбедувајки храна за над 6 милиони луѓе погодени од поплавите/ Предизвикот е голем. Логистиката е најголем проблем. Нема патишта...нема мостови...се е урнато. Потребна ни е меѓународна помош и тоа што е можно побргу“.

Обединетите Нации соопштија дека повеќе од 4 милиони луѓе останаа бездомници откако Пакистан го зафатија поплавите. Светската Организација повика итно да се соберат 460 милиони долари, но дел од меѓународната заедница стравуваше парите да не завршат во рацете на екстремистите.

Хилари Клинтон на пленарната седница на ОН за поплавите во Пакистан


Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши пак предупреди дека отсуството на помош за неговата земја во овие моменти, може да биде искористено токму од страна на екстремистите.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека помошта на Вашингтон ќе биде зголемена од 60 на 150 милиони долари. Германија и Саудиска Арабија исто така испратија нова помош за земјата. Според податоците на Светската Организација, во поплавите во Пакистан загинале повеќе од 1600 луѓе, а околу 4 милиони останале без живеалиште.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG