Достапни линкови

logo-print

Итна седница на Советот за безбедност за поплавите во Пакистан


Обединетите Нации почнаа итна седница за зголемување на меѓународната помош за Пакистан, кој е погоден од катастрофални поплави. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој ја закажа седницата по посетата на оваа земја, изјави дека поплавите се како „забавено цунами“. Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши предупреди дека отсуството на помош за неговата земја во овие моменти, може да биде искористено од страна на екстремистите. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека помошта на Вашингтон ќе биде зголемена од 60 на 150 милиони долари. ОН соопштија дека во поплавите во Пакистан загинале повеќе од 1600 луѓе, а околу 4 милиони останале без живеалиште.
XS
SM
MD
LG