Достапни линкови

Израел и Палестинците блиску до договор за мировни разговори?


Американската администрација соопшти дека е блиску до обезбедување договор меѓу Израел и Палестинците за продолжување на директните мировни разговори. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули изјави дека таквата спогодба е многу блиску, но оти деталите се уште се разработуваат. Во меѓувреме, израелски и палестински претставници одбија да коментираат, истакнувајќи дека ќе реагираат откако ќе биде готова официјалната објава за разговорите.
XS
SM
MD
LG