Достапни линкови

Албанската изборна комисија нема да ги чека партиските преговори


Централната изборна комисија на Албанија нема да ги чека бескрајните преговори на политичките партии околу судбината на гласачките ливчиња од ланските парламентарни избори, изјави претставник на комисијата. Тој истакна дека веднаш по потпишувањето на декретот од страна на претседателот Бамир Топи за датумот на одржување на локални избори, што се очекува да се случи во септември, ќе почне „работата за празнење на гласачките кутии од документацијата од претходните избори“. Според претставникот, комисијата доволно долго чекала на договор меѓу политичките партии, а изборниот закон е сосема јасен, дека гласачките ливчиња треба да се запалат.
XS
SM
MD
LG