Достапни линкови

Шпанија одложи израчување на осомничен воен злосторник на БиХ


Шпанскиот екстрадициски суд во Мадрид го одложи израчувањето на осомничениот за воени злосторства Веселин Влаховиќ на Босна и Херцеговина. Како што е соопштено, судот дошол до нови сознанија за случајот што Шпанија го води против Влаховиќ, уапсен во март, за кривичните дела што тој ги извршил во таа земја, поради што е најавено одложувањето на израчувањето. Претставник на обвинителството на БиХ изјави дека во Сараево се изненадени од одлуката, додавајќи оти очекува Влаховиќ што поскоро да биде израчен на босанските власти.
XS
SM
MD
LG