Достапни линкови

Пентагон: Кина користи „сајбер шпионажа“


Американските власти предупредија дека кинеската армија злоупотребува компјутерски стручњаци за тајни напади врз американски компании и државни агенции. Пентагон соопшти дека кинеската армија развива компјутерски вируси и ги напаѓа непријателските системи и мрежи, а дека цел на напади се и компјутери на граѓани во тие земји. Во извештајот на Пентагон се наведува дека постојат големи проблеми во разбивањето на мрежата на „сајбер шпионажата“, како и оти понекогаш е многу тешко да се докаже оти тие напади доаѓаат од Кина.
XS
SM
MD
LG