Достапни линкови

logo-print

Скратениот буџет на АРМ, проблемите со цитостатици на Онколошката клиника во Битола, се дел од темите во дневните печатени медиуми.

Во двата последни дена, средата и четвртокот, медиумите интензивно, известувајќи за прославата на денот на АРМ, ги акцентираат зборовите од обраќањата на началникот на Генерал-штабот, генерал Мирослав Стојановски, па дури и на врховниот командант, претседателот на државата Ѓорге Иванов, дека поради кратењето на буџетските средства, Армијата е доведена на питачки стап. ,,Генерал Стојановски бара поголема поддршка за АРМ,, и ,,АРМ ставена на строг пост,, се насловите во ,,Утрински, а ,,Дневник,, во насловите пишува дека ,,Врховниот командант бара пари за АРМ,, и ,,Високи чизми, плитки џебови,, додека ,,Време,, забележува дека прославата на денот на АРМ е ставена во сенка на поплаките од воениот врв: ,,Армијата понижена од претераното штедење,,. Нова Македонија,, пишува дека родендените се денови за подароци, и потсетува колку опрема има добиено АРМ од странците, наведувајќи ги прво бугарските тенкови од пред десетина години. Сосема на крајот на написот спомнува за поплаките од генерал Стојановски за скусените средства. На Денот на АРМ, во средата, ,,Вечер,, на насловната објавува дека македонските вахабити му испеале песна на Бин
Ладен, која наводно се пеела по скопските џамии на албански јазик. За истава информација, ,,Време,, пишува дека авторите на текстот се од Косово. Во рамка, ,,Вечер,, објавува изјава со пофални зборови за АРМ од премиерот Груевски. Внимание кај пишаните и електронските медиуми предизвика веста од Битола дека тамошната онколошка клиника веќе цел месец нема цитостатици за болните од рак, како и информациите дека по засилените контроли на инспекторите за храна само во Скопје биле затворени 24 сендвичарници поради неисправни продукти. Контроверзниот учебник по предметот Општество, со чудни и, дури, неточни формулации за одредени поими, предизвика, исто така, бура реакции во јавноста, по што министерот определи друга рецензентска комисија која донесе решение веќе отпечатениот учебник да биде повлечен. Штетата е проценета на околу милион денари, јавуваат медиумите. Некако во сенка на информациите за уписите на студентите, помина и веста за смената на досегашниот декан на Економскиот факултет во Скопје, професорот Љубомир Кекеновски, по само 11 месеци на таа функција. Засега нема изјави или пак други реакции. Инаку, професорот Кекеновски важеше за близок на ВМРО-ДПМНЕ и токму поради тоа неговата смена пред уписите предизвикува низа прашања. Некои медиуми шпекулираат за политички мотиви, а други за ,,серозни пропусти во работата на факултетот,, пишува ,,Утрински,,.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG