Достапни линкови

logo-print

Медведев:ќе се „елиминираат“ напаѓачите од Пјатигорск


Рускиот претседател Дмитри Медведев вети денеска дека ќе се „елиминираат“ сите оние кои стојат зад нападот со автомобил бомба пред една кафеана во Пјатигорск во нестабилниот кавказки регион. При екплозијата беа повредени 30 луѓе. Тој изјави дека сите оние што поставуваат отпор , мора да бидат „елиминирани“. Во вторникот оваа недела, еден бомбаш-самоубиец уби полицаец и повреди уште двајца други во регион Северна Осетија. Денеска неидентификувани напаѓачи застрелаа најмалку еден полицаец во Кабардино-Балкарија, уште една провинција во Северен Кавказ.
XS
SM
MD
LG