Достапни линкови

logo-print

Саудиска Арабија:парализа како казна


Судија од Саудиска Арабија прашувал неколку болници во земјата дали можат да му го оштетат рбетниот столб на човек кој е осуден за напад со сатар, по што неговата жртва останала парализирана, пренесуваат локалните медиуми. Судијата од северозападната провинција Табук, барал медицинско мислење, бидејќи смета дека човекот кој што парализирал друг човек, треба да биде казнет со иста мерка. Но од некои од болниците му одговориле дека нема да можат да изведат таква операција. Саудиска Арабија применува шеријатски закон и повремено прибегнува кон казни што се базираат на член од древниот законик „око за око“.
XS
SM
MD
LG