Достапни линкови

Протераните Роми се враќаат во Романија


Десетици Роми, кои беа протерани од Франција, пристигнаа денеска со редовен лет во Букурешт. Тоа е првата група Роми, вратени во Романија, откако Франција воведе постори мерки кон ромското малцинство. Групата пристигна во 14 часот на аеродромот „Аурел Влајку“ во Букурешт. Депортираните Роми велат дека во Франција имале постојан притисок од полицијата. Според романското Министерство за внатрешни работи вкупно 93 Роми треба да бидат вратени во Романија денеска со неколку редовни летови од Париз и Лион.
XS
SM
MD
LG