Достапни линкови

Медведев во посета на Ерменија


Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска отпатува во дводневна посета на Ерменија, каде што се очекува да потпише договор за продолжување на военото присуство на Русија во таа земја. Ерменскиот министер за надворешни работи Едуард Налбандиан, вчера соопшти дека, Русија ќе го продолжи закупот на воена база во Ерменија до 2044-та година, и дека ќе обезбеди оружје и модерна воена опрема. Овој потег веројатно ќе предизвика загриженост во соседeн Азербејџан, кој со Ерменија има долгогодишен спор за областа Нагорно Карабах.
XS
SM
MD
LG