Достапни линкови

logo-print

Тодоров:одговорноста е едно, а вината друго


Секој може да згреши , но министерството не дозволи грешката да биде преточена во проблем за учениците и да направи поголема штета во образовниот систем. , изјави министерот за образование Никола Тодоров на прашањето дали поради чувството на одговорност за спорниот учебник „Општество“ би поднел оставка. Тој изјави дека одговорноста е едно, а вината друго , но дека во целата работа нема никаква вина ниту од министерството за образование и наука ниту од Националната комисија за учебници ниту пак, од Педагошката служба. Учебникот по „Општество“ беше повлечен, откако се установи дека во него има големи грешки. Вториот учебник ќе биде готов до крајот на оваа недела и ќе биде предаден на печатење.
XS
SM
MD
LG