Достапни линкови

Наесен нови отпуштања во текстилната индустрија


Наесен се очекуваат нови отпуштања во текстилната индустрија во земјата, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Според нив тоа е за очекување поради кризата. Ангелко Ангелковски претседател на синдикатот на текстилна индустрија при ССМ вели дека се очекува да бидат отпуштени 10 или 15 проценти од вкупно 40 илјади работници колку што работат во текстилната индустрија.
За да не дојде до масовни отпуштања Синдикатот предлага намалување на плата, принуден одмор на еден до два месеци и менување на работниците во одреден период.
XS
SM
MD
LG