Достапни линкови

Првата група депортирани Роми се очекува во Романија


Првата група од 79 Роми кои француските власти ги протеруваат , се очекува денеска да пристигне во Букурешт. Романските власти денеска изјавуваат дека проблемот со Ромите не е ни романски, ни француски, туку европски , а враќањето од таму кај што потекнуваат е само привремено решение со кој не се решава суштински проблемот. Француските власти најавија дека до крајот на септември ќе депортираат 371 Ром кои потекнуваат од Романија. Францискиот министер за имиграција Ерик Бесон изјави дека првата група на депортирани Роми, прифатила да биде вратена назад од кај што потекнуваат, во замена за 300 евра за секој возраен и 100 евра за секое дете.
XS
SM
MD
LG