Достапни линкови

Кина:пронајден виновникот за експлозијата во градот Акса


Кинеската полиција го пронашла човекот кој ја предизвика експлозијата при која седум луѓе загинаа, а 14 се повредени во кинеската област Синџијанг, соопштија денеска локалните власти. Според локалните власти станува збор за етнички Ујгур .Експлозивот бил поставен на велосипед кој потоа бил активиран на мост во градот Акса. Властите не соопштуваат кој бил мотивот за нападот. Во последните години во Синџијанг зачестија судирите меѓу мнозинските ујгури и хан кинезите. Во нередите во минатата година, според официјалните податоци, загинале 197 луѓе.
XS
SM
MD
LG