Достапни линкови

Пакистан:4 милиони бездомници по поплавите


Повеќе од 4 милиони луѓе останаа бездомници откако Пакистан го зафатија поплави,соопштуваат од ОН. Од организацијата претходно велеа дека 2 милиони луѓе се бездомници. ОН повика итно да се соберат 460 милиони долари помош за настраданите, но до вчера се собрани само половина од побараните средства. Американскиот сенатор Џон Кери кој е во посета на Пакистан изјави дека Соединетите држави ветената помош од 90 ќе ја покачат на 150 милиони долари. Германија и Саудиска Арабија исто така испратија нова помош за земјата.
XS
SM
MD
LG