Достапни линкови

logo-print

Радикални исламисти во Македонија?


Исламски верници во џамија

Исламски верници во џамија

Дел од експертите сметаат дека е можно радикални групи кои се повикуваат на исламот да постојат и во Македонија.

Еден од најголемите мулсимански празници Рамазан поминува во обвинувања кој е вехабист, кој е вистински верник, колку Исламската верска заедница ги штити своите верници. Обвинувањата и сомневањата, стигнувааат од неколку страни. Дел од експертите и луѓето што го проповедаат исламот сметаат дека неколку џамии во Македонија се под контрола на вехабистички структури во кои се не се
Теоретски ИВЗ е функционална, може да биде засолниште за екстремисти, а може да произведе многу плодно тло кое последично на тоа би произвело екстремисти
исклучува можноста да се опејуваат песни за Осама Бин Ладен, најбараниот терорист во светот. Други , пак сметаат дека во Македонија не постојат вехабистички движења, но не се икслучува ни можноста исламот да се радикализира поради разнишаната состојба на верската заедница. Оџата Рамадан Рамадани кој е разрешен од ИВЗ и се уште раководи со скопска џамија вели дека е мала можноста да се појават радикални исламисти во Македонија, но не се исклучува.

,,Теоретски ИВЗ е функционална, може да биде засолниште за екстремисти, а може да произведе многу плодно тло кое последично на тоа би произвело екстремисти.“

И покрај обвинувањата на ИВЗ дека вехабисти во Македонија има, Рамадани вели дека нема такви радикални структури.

Рамадан Рамадани
,,Во Македонија единствено што има се верници кои како и во другите земји после распадот на комунизмот, се вратиле кон верата и има една комунистичка организација како ИВЗ која некогаш навремено сака да ги стигматизира нив или таквата појава.“

Јакуп Селимовски, кој го раководи секторот за образование и наука во Исламската верска заедница, вели дека без разлика од каде е радикалната група што го објавила и направила видео клипот за Осама Бин Ладен и штети на албанската кауза и исламот. Тој додава дека во последно време е можно радикални групи кои се повикуваат на исламот да постојат и во Македонија.

,,Радикалните групи кои се повикуваат на исламот немаат ништо заедничко со исламот. Се повеќе се присутни во светот и има тенденција да бидат присутни на Балканот. Можно е да постојат одредени влијанија, одредени напливи на таквите тенденции на нашите простори, меѓутоа мислам дека сеуште ИВЗ е јака и способна, барем што се однесува до верскиот дел, да се одбрани и да ги
Ако подлабоко се анализира феноменот, излегува дека главната вина е во рацете на одговорните кои раководат со верската организација и во Макеоднија, и на Косово и во Албанија и било каде
надмине овие потешкотии.“

Професорот Стефан Буџаковски вели дека во Македонија и регионов факт е дека вехабитичките структури постојат и дејствуваат.

,,И еве овие последниве случувања се баш поврзани со тоа дека, `еве ние од оваа страна сме поврзани со одредени личности` затоа и се направи тоа, да се предупреди дека стои некоја организација која презема насилни средства. Пораката е тука внатре, само нивното дејствување сега е во подготвителна фаза, нивното дејствување е секогаш ад хок и по потреба.“

Професорот Назми Малиќи вели дека непочитување на законите од луѓето што раководат со верските заедници на Балканот отвара простор за развивање на тези за радикални структури.

,,Ако подлабоко се анализира феноменот, излегува дека главната вина е во рацете на одговорните кои раководат со верската организација и во Макеоднија, и на Косово и во Албанија и било каде.“

Малиќи додава дека сега за сега Макдеонија не е плодно тло за верски екстремизам.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG