Достапни линкови

Железничка несреќа во Кина


Два вагони од патнички воз паднале во провалија во кинеската провинција Сичуан, откако се срушил мостот по кој поминувал возот. Тој регион е погоден од поплави. Спасувачите се обидуваат да ги извлечат патниците од провалијата висока 200 метри. Веднаш не е соопштено колку патници имало во возот. Кина е погодена од поплави и лизгање на земјиштето во последните месеци, при шо загинаа стотици луѓе.
XS
SM
MD
LG