Достапни линкови

Врачени 80 решенија за рамковни вработувања


Вицепремиерот за спроведување Рамковен договор Абдулаќим Адеми, денеска врачи 80 решенија за вработувања во државната администрација. Десет од тие решенија се за први државни советници во рамките на вработувањата на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор. Новите административци ќе работат во министерствата за транспорт и врски, одбрана, култура и правда а дел од нив и како преведувачи во Собранието. Од почетокот на годинава , вклучувајќи ги и денешните вработувања се дадени решенија на 370 луѓе, а се најавува и нов конкурс.
XS
SM
MD
LG