Достапни линкови

Кина: седуммина загинати во експлозија на бомба


Седум луѓе загинале, а 14 биле повредени во експлозија во кинеската област Синџијанг, соопштија денеска локалните власти. Експлозивот бил поставен на велосипед кој потоа бил активиран на мост во градот Акса. Во последните години во Синџијанг зачестија судирите меѓу мнозинските ујгури и хан кинезите. Во нередите во минатата година, според официјалните податоци, загинале 197 луѓе.
XS
SM
MD
LG