Достапни линкови

logo-print

Рускиот претседател Медведев во Ерменија


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска почнува дводневна посета на Ерменија, каде што треба да биде потпишан договор за продолжување на руското воено присуство во оваа поранешна советска република. Ерменскиот министер за надворешни работи Едуард Налбандиан изјави дека со договорот руската воена база ќе остане во земјата до 2044 година и оти Русија ќе и обезбеди на Ерменија модерно оружје и воена опрема. Овој потег веројатно ќе предизвика загриженост во соседен Азербејџан, земја која е во повеќегодишен спор со Ерменија околу регионот Нагорно Крабах. Медведев ќе остане во Ерменија и во текот на викендот на неформален самит на лидерите на земјите од Договорот за колективна безбедност, регионална организација предводена од Москва.
XS
SM
MD
LG