Достапни линкови

logo-print

Викиликс ќе соработува со Пентагон?


Основачаот на интернет порталот Викиликс, Џулијан Асанџе изјави дека Пентагон изразил подготвеност да се прегледаат доверливите докумнети за војната во Авганистан, за да се отстранат информациите со кои може да се загрози животот на цивилите. Основачот на порталот вели дека имале контакт со генералниот советник во Пентагон, но од Пентагон велат дека немало директни контакти и дека Пентагон не е заинтересиран за соработка со порталот. Викиликс, кој до сега објави повеќе од 75 илјади тајни досиеја, соопшти дека ќе објави уште 15 илјади документи.
Поради објавувањето на доверливите документи, порталот беше критикуван од американските власти, од невладини организаци и од организацијата Репортери без граници.
XS
SM
MD
LG