Достапни линкови

Франција почнува со депортација на Ромите


Француската влада соопшти дека денеска почнува депортацијата на околу 700 Роми кои нелегално престојувале во Франција. 79 Роми, кои доброволно се согласиле да ја напуштат земјата, ќе добијат по 383 долари и превоз до дома.
Акцијата за протерување на Ромите треба да заврши до крајот на месецов. Потегот на француската влада наиде на остри критики од организациите за заштита на човековите права. Романија изрази загриженост дека тоа може да доведе до зголемување на ксенофобијата.
Франција соопшти дека во наредниве три месеци планира да затвори околу 300 нелегални ромски кампови.
XS
SM
MD
LG