Достапни линкови

Романија:тешка состојбата на изгорените бебиња


Седумте бебиња кои пред два дена настрадаа во пожарот што го зафати породилиштето „Џулешти“ во Букурешт се наоѓаа и натаму во исклучително тешка состојба, соопштуваат романските медуми. Лекарите во болницата „Григорие Александреску“ не се големи оптимисти околу шансите за нивното заздравување. Во болницата денеска пристигнала група експерти од Израел во обид да им помогнат на изгорените бебиња. Во пожарот што во понеделникот го зафати породилиштето, загинаа четири бебиња, а седум беа тешко повредени.
XS
SM
MD
LG