Достапни линкови

ЕК:Франција треба да ги почитува правилата


Франција мора да ги почитува правилата кога станува збор за заштита на европските државјани,соопшти денеска Европската комисија. Соопштението на ЕК доаѓа откако француските власти објавија дека ќе депортираат Роми без решен статус во земјите од кои потекнуваат. Франција мора да ги почитува правилата за слободно движење на луѓето. Од Европската Комисија изјавија и дека ја следат ситуацијата за да утврдат дали се почитуваат сите правила. Франција се одлучи да депортира 700 Роми во Романија и Бугарија. Првата група ќе треба да биде депортирана утре.
XS
SM
MD
LG