Достапни линкови

Безбедносен самит во Сочи


Рускиот претседател Дмитри Медведев на регионалниот безбедностен самит во Сочи изјави дека борбата со тероризамот и екстремизамот се едни од најтешките работи со кои се соочуваат земјите. На состанокот во Сочи учествуваат и претседателите на Авганистан, Таџикистан и Пакистан. Четирите држави се очекува подоцна да издадат заедничка изјава со која ќе повикаат на поголема меѓународна поддршка за жртвите од поплавите во Пакистан. На разговорите, кои се одржуваат во резиденцијата на Медведев во црноморското одморалиште Сочи, исто така се очекува да се зборува и за трговија со дрога во Авганистан .
XS
SM
MD
LG