Достапни линкови

Хаг:истрага по тврдења дека обвинители застрашувале сведоци


Хашкиот трибуналот нареди истрага по тврдењата на некои сведоци во процесот против српскиот ултранационалист Воислав Шешељ, дека обвинителите на трибуналот ги вознемирувале и застрашувале. Портпаролот на Трибуналот изјави дека судиите веднаш наредиле истрага, бидејќи се вознемирени од таквите тврдења. Обвинителите од трибуналот одбија да ја коментираат истрагата. Претходно оваа служба ги негираше тврдењата на сведоците.
XS
SM
MD
LG