Достапни линкови

Нема паралела меѓу Косово и Република Српска


Од Канцеларијата на високиот преставник во БиХ и американската амбасада во Сараево соопштуваат дека не може да се повлече паралела меѓу Република Српска и Косово. Од Канцеларијата на високиот претставник во БиХ велат дека територијалниот интегритет на земјата е неоспорен и загарантиран со Дејтонскиот мировен договор. Коментарите на меѓународната заедница во БиХ ,уследија по изјавата на претседавачот со Советот на министри Никола Шпириќ дека со потврдувањето на независноста на Косово може да се повлече и прв потег за самостојност на Република Српска.
XS
SM
MD
LG