Достапни линкови

ОН обезбедија половина од помошта за Пакистан


Од ОН соопштуваат дека обезбедиле речиси половина од потребните 469 милиони долари помош за Пакистан за жртвите од поплавите. Од Европската Унија денеска соопштија дека ќе доделат дополнителни 39 милиони долари жртвите , со што целата сума што ќе ја доделат изнесува 79 милиони долари. Меѓународната зедница беше критикувана за бавното реагирање при собирањето на помош за Пакистан. А донаторите се плашаат дека можеби помошта ќе падне во рацете на екстремистите. Пакистан се обиде да ги убеди донаторите дека помошта ќе им се даде на погодените од поплавите.
XS
SM
MD
LG