Достапни линкови

logo-print

Русија го подржува Авганистан


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска на состанокот во Сочи изрази подршка на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Медведев изјави дека Русија го подржува Авганистан во напорите да го обнови мирот во земјата и да ги надмине тешкотиите што се испречуваат пред Авганистан во последните години. Рускиот претседател изјави и дека ја подржуваат борбата на авганистанската влада во борбата со тероризамот. Денеска во Сочи рускиот претседател е домаќин на регионален самит на кој учествуваат и претседателите не Авганистан, Пакистан и Таџикистан. Медведев ќе одржи билатерални средби со секој претседател пооделно.
XS
SM
MD
LG