Достапни линкови

При уривање на училиште во Индија загинале 17 деца


Најмалку 17 деца загинаа на северот на Индија кога се урнало училиштето во кое учеле. Причините за уривањето се поплавите кои го погодија тој регион, изјави преставник на локалните власти. Тој изјави дека до сега извлекле тела на 17 ученици и дека ја продолжуваат потрагата по останатите жртви. За време на инцидентот во училиштето имало 35 деца и 6 наставници. Во поплавите и лизгања на земјиште во Индија, годинава загинаа 190 луѓе а 400 се уште се водат за исчезнати.
XS
SM
MD
LG