Достапни линкови

logo-print

Тачи:мислењето на МСП е можност минатото да се остави на страна


Премиерот на Косово Хашим Тачи оцени дека советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда преставува можност минатото да се остави на страна и Косово , заедно со сите држави на Балканот, вклучувајќи ја и Србија, да крене напред кон евроатланска интеграција. Тој во авторски текст за Еуобсервер вели дека Косово е спремно со Србија да разговара за практични прашања кои ќе ја подобрат состојбата на граѓаните на Косово. Косовскиот премиер вели дека не сака да се разговара за статусот на Косово, територијалниот интегритет, ниту за формирање на автономен регион во рамките на Косово.
XS
SM
MD
LG